ТРИбина за креативно пишување
ТРИбина за креативно пишување Предавања за креативно пишување со Венко Андоновски Влеговме во светот на создавањето крими-приказни, трилери, мелодрами, но и маркетиншки...
3 ЦИКЛУСА ОБУКА ОД ОБЛАСТА БИЗНИС И ДЕЛОВНА КРЕАТИВНОСТ
3 ЦИКЛУСА ОБУКА ОД ОБЛАСТА КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ (ПРОЗА)
Секој циклус трае 90 минути, од што 45 минути се класично предавање од професорот, а 45 минути се за интеракција со слушателите (конкретни вежби, задачи, дискусии и оценување).
Предавач: Венко Андоновски
ТРИбина за креативно пишување Предавања за креативно пишување со Венко Андоновски Влеговме во светот на создавањето крими-приказни, трилери, мелодрами, но и маркетиншки...
ТРИбина за финансиска писменост со PP Investment Education ТРИбина инспирирана од бестселерот „Психологија на парите“ Искусните финансиери од PP Investment Education, економистите...
ТРИбини за комуникација и родителство со Станислав Петковски – Сашо Серија ТРИбини со Станислав Петковски - Сашо, посветени на комуникација и родителство...
Претпоставуваме дека знаеш што сакаш да промениш кај себе. Кога ќе ја одбереш темата што сакаш да ја слушаш, а можеби и ќе подготвиш прашања што сакаш да му ги поставиш на нашиот предавач, веќе си на половина пат од целта. Сеопфатноста на предавањата, стручноста на говорителите, публиката која се соочува со истите проблеми, неминовно ветуваат успех. Внимателното следење на овие практични предавања и фаќањето белешки ќе ти помогнат да ја совладаш теоријата што ја учиме од книгите и ќе ти покажат како да ја примениш во пракса.
Секој човек има идеја. Но не успеваат сите да ја реализираат. Само оние коишто имаат цврста волја и знаење. Ние имаме цел да го зголемиме нивниот број така што ќе ги поттикнеме да им се придружат на луѓето кои успешно се справуваат со различни животни предизвици.
Ако имаш цврста волја да ги промениш нештата, секако дека ТРИбина е наменета за тебе. Ако немаш волја, ниту идеја, ТРИбина е уште повеќе за тебе. ТРИбина е наменета за секого.
ТРИбина е гранка на ТРИ, односно проширување на нашата приказна. Сите знаења и умеења што досега читателите ги стекнуваа преку книгите, сега излегуваат надвор од кориците. Тоа значи дека заедно пишуваме нова страница. Книгите најчесто се знаци на патот. Некому тој знак му е повеќе од потребен. А бидејќи сите сме различни и секој се соочува со различни предизвици, потребен ни е уште појасен патоказ.