ТРИбина за креативно пишување

Предавања за креативно пишување со Венко Андоновски
Влеговме во светот на создавањето крими-приказни, трилери, мелодрами, но и маркетиншки текстови и пораки. Зашто книжевноста и современата комуникација се огледало на нашата стварност, која ги одразува духот на времето и сите општествени промени, појави и дилеми.
Заедно со Андоновски, ќе ѕирнавме зад структурата на приказните и ќе научивме како да ги превртуваме жанровите. Присутните ги изострија сетилата (и моливите!) и ги пуштија приказните што ги носат во нив да ги исполнат белите страници.
Работилницата беше заокружена со вежби за креативно пишување, по што следуваше повратно мислење за нивните авторски дела од еден од најистакнатите македонски автори!
Во секое лепословие, без разлика дали се дава одговор, мора да се постави вечното прашање: кој е виновен за злото на овој свет? Ако тоа прашање не е поставени, барем за мене – не станува збор за лепословие. - Венко Андоновски
Разгледај ги другите ТРИбини
Разгледај ги досегашните ТРИбини со другите предавачи.
ТРИбина за финансиска писменост
ТРИбина за финансиска писменост со PP Investment Education ТРИбина инспирирана од бестселерот „Психологија...
ТРИбини за комуникација и родителство
ТРИбини за комуникација и родителство со Станислав Петковски – Сашо Серија ТРИбини со...