Автори

ТРИбини за креативно пишување и раскажување

ВЕНКО АНДОНОВСКИ

Венко Андоновски (1964) е прозаист, драмски писател, филмски сценарист, книжевен
критичар, теоретичар на литературата и културата. Редовен професор е на Филолошкиот
факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Бил и декан на Факултетот, а добитник е на наградата
„Свети Климент Охридски“ за образование. Член е на ДПМ, на Македонскиот ПЕН центар и
дописен член на МАНУ.

Автор е на 36 првоиздадени книги на македонски јазик, од најразлични жанрови –
2 книги поезија, 3 книги раскази, 5 романи, 9 книги критика и културологија,
18 изведени театарски пиеси, 1 сценарио за игран филм. Автор е на два учебника по
литература за средно образование.

Повеќекратен добитник е на сите домашни награди за проза, драма и критика,
како и на меѓународните награди „Балканика“, „Југра“ (руска меѓународна награда
за најдобар роман од словенските книжевности преведен на руски, за „Папокот на светот“),
на наградата „Петар Кочиќ“ за српското издание на романот „Вештица“,
како и на високата Толстоева награда „Јасна Полјана“ (за „Папокот на светлината“).
Тој е првиот Македонец што добил меѓународна книжевна награда по осамостојувањето
на Македонија („Балканика“).

Андоновски е еден од најчитаните домашни автори во последниве 3 децении
и еден од најизведуваните драмски писатели во последниве три децении во Македонија.
„Папокот на светот“ досега 265 е печатен во околу 20.000, а „Вештица“ во 18.000
примероци. „Кандид во земјата на чудата“ беше на репертоарот на Драмски театар
цели седум години, со околу сто изведби. Делата му се преведени на 15 јазици.

УМЕТНОСТА НА СОЗДАВАЊЕТО ПРИКАЗНИ – И КАКО ДА СТАНЕМЕ ВЕШТИ РАСКАЖУВАЧИ

МАСТЕРКЛАС ЗА КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ (СЕРИЈА РАБОТИЛНИЦИ)

УМЕТНОСТА НА СОЗДАВАЊЕТО ПРИКАЗНИ – И КАКО ДА СТАНЕМЕ ВЕШТИ РАСКАЖУВАЧИ