Искусните финансиери од PP Investment Education, економистите Владимир Поповски и Дамјан Пановски, преку практични примери, дадоа увид во тоа како да се приспособат трошоците според личната заработка и потребите. Водејќи се според препознатливите лекции за финансиска писменост од авторот и финансиерот Морган Хаусел и неговото хит-дело „Психологија на парите“, присутните имаа можност да се запознаат со основите на инвеститорската логика.