На предавањето „Тајната на добрата комуникација: како да владеете со секоја ситуација“ во рамки на Трибина, Станислав Петковски-Сашо е еден од најпознатите специјалисти по клиничка психологија во нашата земја, се осврна на основите на комуникацијата и одликите на меѓусебната комуникација. Присутните се збогатија со начини и практични примери за усвојување на секојдневна комуникација и добија практични совети за односите во деловните средини. Ова предавање беше матрица на идните односи. Заедно ја моделиравме комуникацијата и ја откривме тајната структура на добрите разговори – темелници за здрава средина, личен и деловен успех и исполнетост.