Што всушност претставува ТРИбина?
Платформа која им помага на луѓето да го применуваат знаењето од книгите во своето секојдневие. ТРИбина веќе го пренесува знаењето содржано во книгите во форма што е приемчива за секого.
Книгите се извор на знаење со векови и сè уште се медиумот на кој сите со доверба се потпираме. Денес се потребни можеби и повеќе од кога било.
ТРИбина го поврзува знаењето од домашните и од светски признатите автори и нивните книги со потребата на човекот да стекне што е можно повеќе вештини, способности и знаење што се практично применливи. Тука ги шириме идеите од капиталните четива на денешницата до сите кои поседуваат отворен ум.