Влеговме во светот на создавањето крими-приказни, трилери, мелодрами, но и маркетиншки текстови и пораки. Зашто книжевноста и современата комуникација се огледало на нашата стварност, која ги одразува духот на времето и сите општествени промени, појави и дилеми. Заедно со Андоновски, ќе ѕирнавме зад структурата на приказните и ќе научивме како да ги превртуваме жанровите. Присутните ги изострија сетилата (и моливите!) и ги пуштија приказните што ги носат во нив да ги исполнат белите страници. Работилницата беше заокружена со вежби за креативно пишување, по што следуваше повратно мислење за нивните авторски дела од еден од најистакнатите македонски автори!